Ако сакате да се спасите од досадните акни на лицето може да се обидете да го сторите тоа и дома, без да одите да ги посетувате скапите салони за убавина. Ова се домашни, но неверојатно моќни средстав кои едноставно ги бришат акните до лицето:
Маслиново масло
Ако сакате да го спречите појавувањето на акните тогаш чистете го лицето со малиново масло. Најпрво нанесете го на рацете, загрејте го со триење на дланките и намачкајте го лицето. Оставете нека делува барем 3 минути, а потоа избришете се со памук. Така ќе ги отстраните сите нечистотии од лицето.
Сода бикарбона
Направете густа паста од сода и малку вода. Со неа премачкајте ги акните и оставте нека делува цела ноќ.
Овесна каша
Направете овесна каша прелиена со топла вода. Оваа смеса ставете ја на лицето и оставете нека делува 15 минути.
Јаболков оцет
Измешајте јаболков оцет и вода, соодносот нека биде 1:3. Со овој раствор чистете го лицето, така акните набрзо ќе се исушат.
