Летото се приближува… борбата со целулитот започнува!!!
Покрај многуте препарати, исхрана и вежбање, постојат и купки кои се вистински борци против „одвратниот“ целулит. Купката од сол и ѓумбир ќе Ве опушти, ќе ја зголеми циркулацијата, ќе ги исчисти токсините и вишокот течности од телото.
Што Ви е потребно?
3 големи лажици морска сол
15 грама ѓумбир во прав
Постапка:
Во топла вода додадете ги солта и ѓумбирот и уживајте во купката. По третманот, кожата намачкајте ја со хидрантна крема.
