Кисело-благ, ароматичен вкус за вистинско уживање!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
5 лажици шеќер
3 децилитри слатка павлака
1 ванилин шеќер
2 киви
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките изматете ги со ванилиниот шеќер и варете ги на пареа додека не добиете густа смеса. Оставете да се оладат.
Белките изматете со шеќерот, направете шлаг и потоа додадете ги жолчките. Мешајте со лажица.
Изматете ја слатката павлака и додадете ја во смесата од жолчки и белки.
Кивите исечкајте ги и сомелете ги и додадете ги во претходната смеса. Се добро измешајте и ставете ја смесата во фрижидер.
Уживајте во вкусот!!!
