Потребни состојки за тестото:
– 400 гр брашно
– 200 гр маргарин
– 1 кесичка ванилин шеќер
– сол
– 1 дл ладна вода
За филот:
– 400 мл млеко
– 1 пудинг од ванила
– 4 лажици шеќер
– 125 гр маргарин
– 50 гр шеќер во прав
– 400 гр шумско овошје
Подготовка:
Ставете го брашното во еден сад и додајте ги шеќерот и солта. Убаво промешајте па додајте го ситно исецканиот маргарин. Имешајте убаво. Додавајте ја водата постепено и месете додека не добиете меко тесто кое не се лепи на рацете. Направете топка од тестото и ставете го во фрижидер да отстои барем половина час. Растегнете го тестото во облик на круг, малку поголем од плехот. Плехот намачкајте го со маргарин па ставете го тестото и извлечете ги краевите по краевите на плехот. Печете на 200 степени додека не зарумени тестото.
Сварете го пудингот. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и измешајте го со изладениот пудинг. Во блендер измиксирајте го овошјето и измешајте го со филот. Ставете го во фрижидер да се стегне, па премачкајте ја кората. Декорирајте со овошје.
