Потребни состојки за кората:
– 250 гр путер
– 140 гр шеќер во прав
– 140 гр чоколада за готвење
– 5 жолчки
– 5 белки
– 140 гр брашно
Потребни состојки за филот:
– 7 јајца
– 7 лажици брашно
– 125 гр путер
– 100 гр бела чоколада
За глазурата:
– 140 гр шеќер во прав
– ¼ литар топла вода
– 180 гр чоколада за готвење
Подготовка:
Изматете го путерот пенесто. Потоа додајте шеќер во прав и продолжете да матите. Растопете ја чоколадата и ставете ја во путерот. Потоа почнете да ги додавате едно по едно жолчките и продолжете со мешање. Од белките направете цврст снег, па додајте го во изматената смеса со путерот и на крајот додајте го брашното. Сипете ја смесата во тава и печете околу еден час во загреана рерна.
На пареа изматете ги жолчките со шеќерот. Додајте ја чоколадата. Во изладениот фил ставете ги изматените белки и изматениот путер.
Тестото пресечете го на половина, така што долната кора ќе биде потенка.
Глазурата припремете ја така што шеќерот во прав ќе го прелиете со ¼ литро топла вода за да се растопи шеќерот. Додајте ја чоколадата и мешајте на оган додека не се растопи и не добиете доволни густа смеса која ќе ја користите како прелив. Филувајте ги корите, па одозгора прелијте ја тортата со глазурата.
