Раперот Lil Wayne е повторно обвинет за напад. Alfredo Marino изјавил дека на 3-ти Мај го забележал раперот на еден скејтборд парк и му се доближил прашувајќи го дали може да го слика, бидејќи му е огромен фан.
Откако бил одбиен, дечкото се упатил кон својот автомобил и оттаму се обидел кришум да ја фотографира омилената ѕвезда. Во тој момент работите почнале да се влошуваат и Marino тврди дека Wayne и неговата банда почнале сериозно да му се закануваат.
– Зарем не знаеш дека е доволен само еден збор и еден од овие е**чи веднаш ќе те из**е?
Фотографот тврди дека потоа бил удрен со скејтборд од позади, по што паднал на земја и ја раскрварил главата, добил потрес на мозокот и вртоглавица.
Во април, овој фотограф во Мајами го обвинил раперот за ист ваков напад.
