Актерот Johnny Depp, кој во филмот „The Lone Ranger“ ја игра улогата на индијанецот Tonto, станал почестен член на племето Команчи.
Приватната церемонија е одржана на 16-ти Мај во Ново Мексико, во домот на LaDonna Harris, претседател и основач на организацијата „Americans for Indian Opportunity“.
– Читав за него и за неговото домородечко наследство, па се запрашав зошто да не го „посвоиме“, – изјавила Harris.
– Сега Depp е почестен член на моето семејство, односно мој син.
Актерот кој по потекло e од Кентаки, своевремено има изјавено дека неговата прапрабаба е делумно Индијанка и дека потекнува од племето Чероки или Кирк.
Инаку, филмот „The Lone Ranger“ доаѓа во кината дури следната година.
