Мојата кујна

Пита со виршли

Состојки:

4 јајца

2dl јогурт

½ чаша (од 2dl)масло

5 пилешки виршли

1 прашок за пециво

2 лажици сол

50мл сок од домати

2 чаши брашно

Сув босилак

150г биено сирење

Подоготвка:

Во  чинија ставете ги јајцата и изматете ги со миксер.Додајте јогурт,масло и сок од домати  а мискерот и понатаму нека работи.

Потоа сипете го брашното помешано со прашакот за пециво и добро изматете го.

Исклучете го миксерот и во смесата додадете ги на кругови исецканите виршли, 100грама ренданото сирење и сувиот босилек.Се тоа добро измешајте го со дрвена лажица,па ставете го во правоаголна  тава која е претходно малку подмачкана.

Печете го 15 минути на 150 степени додека не фати коричка,па питата посипете ја со ренданото сирење кое остана, вратете ја во релна, појачајте ја температурата на 200 степени и печете ја 20 минути.

Write A Comment