За вистинско попладневно задоволство!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За кора
9 белки
350 грама шеќер во прав
1 лажичка алкохолен оцет
2 лажички брашно
За фил:
9 жолчки
21 лажица шеќер
460 милилитри вода
1 пакување пудинг од ванила
1 пакување пудинг од чоколадо
100 грама чоколадо за готвење
500 грама путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кора:
Белките изматете ги заедно со шеќерот, оцетот и брашното. Смесата сипете ја во подмачкан плех за печење и печете 15 минути на 150 степени Целзиусови.
Изматете ги 9 жолчки со 9 лажици шеќер и смесата варете ја на пареа додека не добиете густа смеса. Во 230 милилитри вода и 6 лажици шеќер сварете го пудингот од ванила. Истото сторете го пудингот од чоколадо но во истиот додадете го чоколадото.
Во сад настрана изматете го путерот и во него додадете ја смесата од сварените жолчки. Таа смеса поделете ја на 2 еднакви дела и распоредете ги подготвените пудинзи пропорционално.
Тортата филувајте ја вака: кора, фил од ванила, фил од чоколадо.
Тортата ставете ја во замрзнувач 3 часа пред да ја сервирајте.
Уживајте во вкусот!!!
