Добредојдовте во импресивниот и модерен апартман во срцето на Трибека, Њујорк !!!
Домот кој има импресивен и инспиративен дизајн…
… И е резултат на макотрпна работа од 18 месеци и инвестиција од дури 2 милиони американски долари.
Она што се чини дека е во фокусот на внимание се централните орбитални скалила, направени од леано железо и махагон. Потоа, огромната дневна соба која функционира како јадро на овој дом и внатрешниот простор со бујна вегетација кој е поврзан со главната станбена површина. Бојата е дополнително воведена, надополнувајќи го автентичниот изглед од тули и изложени дрвени греди.
И вториот кат е импресивен. Масивните лизгачки врати обезбедуваат пристап до големите спални соби, со ѕидови прикриени со памучни и сатенски панели и рачно извезена свила.
Перфектно !!!















