Можеби не сте ни свесни колку е корисно авокадото, но откако ќе ги прочитате кои се неговите благотворни дејства сигурно ќе сакате да го јадете секој ден.
Авокадото е добро за видот
Со неколку парчиња авокадо секој ден ќе го зачувате доброто здравје на очите. Тоа содржи многу антиоксиданси лутеин и зеаксантин, кои ефикасно ја спречуваат појавата на болести поврзани со стареењето.
Авокадото може да помогне во превенција од рак
Неверојатно е колку е моќно авокадото кога се во прашање ракот и неговото развивање. Екстрактот од авокадо го сопира развојот на станиците кои доведуваат до рак во усната шуплина, а истражувањата докажаа дека тој спречува и многу други видови на рак. Авокадото содржи огромна количина на фолна киселина, витамин Ц и витамин Е.
Авокадото е голем апсорбер на натриум
Кога се јаде во комбинација со домат телото ќе апсорбира многу поголема количина на ликопен од доматот. Ликопенот е голем борец за ракот на кожата. А за тоа се заслужни здравите масти кои ги содржи авокадото.
Авокадото може да ги замени нездравите масти
Наместо нездравите мајонези, сендвичи… исечете неколку парчиња авокадо . Тоа ќе ви го симне покачениот холестерол, а воедно ќе внесете огромна количина на влакна и белковини.
