За ублажување на болката, односно решавање на помали проблеми во врска со забите и непцето, како прва помош, користете билки.
Навистина се ефикасни…
1. Течен невен – Невенот со векови се користи за ублажување на широк распон на здравствени проблеми. Водата за уста од невен, претставува смирувачки третман за болести на непцето и воспалителни процеси во усната празнина. Лековитата билка го опоравува мекото ткиво, го ублажува крвавењето на непцето, ги заздравува раните во устата, раните предизвикани од херпес и други проблеми…
2.Масло од сушена роза – Стар народен лек за ублажување на забоболката е и маслото од сушена роза. Тоа поседува анелгетски и антисептички својства и навистина е делотворно во ублажувањето на болките.
3.Витамин С во прав – Нанесувањето на витаминот С директно на непцето не само што ќе ја олесни болката и крвавењето, туку и ќе помогне во зацврстувањето на непцето, заштитата на забите и ќе го успори напредокот на парадонтните болести. Во некои случаи, редовната примена на витамин С во прав, може да ги спаси разнишаните заби од паѓање.
4.Арника – За ублажување на отоците и модринките во усната празнина и околу забното месо после операцијата, односно после вадењето на забот – корисна е арниката.Неколку дози, после вадењето на забот, можат моментално да допринесат за брзо заздравување и намалување на болката. Сепак, не земајте арника пред дентална операција. Може да поттикне крвавење.
