Холивуд дефинитивно го зафаќа свадбарска треска. Овој пат се работи за пејачката Miley Cyrus (19) и ѕвездата од филмот „Игра на глад“- Liam Hemsworth (22). По три години заедно, овој млад пар се решил за еден чекот погоре на општественото скалило.
Нивните гласноговорници потврдуваат дека Miley и Liam се свршиле.
– Многу сум среќна што ме побара за жена и едвај чекам да бидеме заедно со Liam како брачни партнери, – изјавила пејачката.
Понудата за брак се случила на 31-ви Мај со 3,5 каратен дијамантски прстен од продавницата за накит „Neil Lane“.
Моментално се чека на понови фотки каде ќе може да го видите свршеничкиот прстен, како и изјави од семејствата на двојката.
Од нас, честитки!
