За денес се најавуваат високи температури, а против истите ние Ви предлагаме… идеално освежување !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
150 грама шеќер
1 лажица какао
1 лажица инстант кафе
200 милилитри млеко
250 милилитри слатка павлака
1 крупно рендано чоколадо
1 пакување крем шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пенасто изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го какаото, кафето млекото и изматената слатка павлака. Смесата ставете ја во фрижидер да отстои 2 часа пред да ја сервирате. Излијте ја смесата во чаши за сервирање кои претходно сте ги украсиле со шлаг и рендано чоколадо.
Уживајте во свежиот вкус!!!
