Осум до десет чаши вода не само што не помагаат при слабеењето, туку не се ни препорачуваат, откриваат австралиски научници. Она што би требало да го надомести внесот на чиста вода се овошјето и зеленчукот, кои содржат вода, но и други хранливи состојки, потребни за организмот.
Одредени научници дури тврдат дека препорачаната доза од осум до десет чаши вода дневно е маркетиншки трик, за луѓето да купуваат што повеќе вода во шишенца…
Истражувачите во студиите ја споредиле здравствената состојба на Европјаните и Бедуините кои живеат во Сахара. Притоа, откриле дека Бедуините пијат двојно помалку вода од Европјаните, но дека немаат здравствени проблеми и потешкотии…
Секако, научниците советуваат внесување на доста течности во организмот, особено во летниот период, но од друга страна не треба да пиеме вода кога не сме жедни, бидејќи вишокот вода во организмот нема никаква функција. Многу е поважна онаа течност која ја добиваме од другите намирници: овошје, зеленчук, па и од тестенините, кафињата, чаевите или соковите, тврдат научниците.
