Здраво тело

Чаеви кои ја лечат анемијата

Анемијата е честа болест на денешницата. Таа е последица на нездравиот начин на живот. Лошата исхрана, денот исполнет со стресни ситуации се големи причинители за анемијата.

Скоро секоја петта жена се соочува со анемија. Симптомите се: намалено ниво на хемоглобин, на што се должат несвестици, брзо заморување, неправилно работење на срцето, крварење од носот…

Ако имате некои од овие симптоми треба да посетите доктор.

Ова се неколку билки од кои може да си подготвите чај кој ќе ви помогне да ја надминете полесно анемијата.

Црвен кантарион

Оваа билка цвета цело лето. Листовите и розевиот цвет внимателно отсечете ги од стеблото. Со нив подгответе чај. Две лажици од оваа билка прелијте ги со три дл врела вода. Оставете нека отстои 10 минути, па процедете.

Копривата е богата со железо

Листовите од копривата се богати со минерали, посебно со железо, фосфор, калциум, силициум, витамин Ц… Берете ги во пролет, тогаш најмногу изобилуваат со овие состојки. Една лажица од овој исушен чај прелијте со два и пол дл врела вода. Оставете да отстои 15 минути па процедете.

Рузмарин како лек и како украс

Оваа ароматична билка е исто така и лековита. Направете чај со една лажица рузмарин и шолја врела вода. Пијте ваков чај десет дена. Крвната слика навистина ќе ви се подобри.

Write A Comment