Летото е идеално време да ја распалите скарата и да го испробате овој вкусен и сочен ручек.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама мелено месо
Лажичка коријандер и лажичка ким истолчени во аван
Лажичка семф
Главица кромид
Сол и бибер
2 јајца
Кришка леб (срединка не ја топете во вода)
2 средно големи кисели краставички ( ситно сечкани)
Маринада:
2 – 3 лимони
2 – 3 чешнина лук
Зачин
Маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Составете ги сите состојки за хамбургер и направете топчиња во големина која е потребна за една плескавица.
Направете маринада од приложените состојки и прелиј те ја врз топчињата мелено месо. Оставате да отстојат во фрижидер најмалку 2 часа, а за поубав вкус се препорачува да отстои цела ноќ за да може месото да ги впие сите сокови.
Од топчињата направете плескавици и пржете ги на скара или испечете ги во рерна.
Направете гарнир од крцкави пржени компирчиња и летна салата.
Вкусот е за паметење!!!
Уживајте!!!
