Потребни состојки:
– 400 гр овошје
– 200 гр чоколада
– 2 јајца
– 0,5 л млеко
– 0,5 дл масло
– 3 лажици шеќер
– една кесичка шлаг
– 15 лажици брашно
Подготовка:
Направете ја смесата за палачинките: ставете две јајца, додајте еден прстофат сол, исто толку шеќер, 15 лажици брашно, и 2дл млеко. Убаво измиксирајте ја смесата, па на крајот додадете 2 дл вода и 0,5 дл масло. Испржете ги палачинките.
За филот: во еден сад за варење ставете го овошјето, додајте три лажици шеќер и мешајте на тивок оган. Изматете го шлагот, а чоколадата растопете ја со малку масло. Палачинките најпрво намачкајте ги со растопената чоколада, па ставете од овошјето и на крај од шлагот. Завиткајте ги и декорирајте ги со состојките за фил.
