Доколку не сте од оние кои ги обожуваат купечките сокови, тогаш овој рецепт за сок од вишни е Ваш полн погодок. Сокот од вишни и идеално летно освежување, одличен избор за подобар сон и намалување на напнатоста.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 килограм вишни
1 литар вода
20 грама лимонска киселина ( лимонтус)
1,5 килограм шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исчистете ги вишните од семките. Ставете ги вишните во соковник и направете сок. Во сокот додадете ја водата и лимонската киселина. Вака подготвената течност оставете ја да отстои 24 часа на ладно и темно место. По 24 процедете го сокот низ газа, додадете го шеќерот ( во однос 1 литар сок од вишни на 1,5 килограми шеќер). Убава измешајте го сокот и оставете го на ладно и темно место уште 48 часа. По 48 часа флаширајте го сокот, а по месец дена ( доколку не го испиете пред тоа J ) почнете да го консумирате разблажен со вода во однос 1 спрема 5.
Уживајте во вкусот кој освежува!!!
