Потребни состојки:
– 2 тиквици
– 2 модри патличани
– 3 поголеми компири
– 4 домати
– 200 гр кашкавал
– босилок, рузмарин
– сол, бибер и масло
Подготовка:
Зеленчукот измијте го и исечете го на тркалца. Во подмачкан огноотпорен сад наредете ги наизменично сите зеленчуци. Започнете со тиквиците, па доматот, па компирите, доматот и тенки листови од кашкавал. Кога ќе го потрошите целиот материјал, посолете и зачинете. Посипете малку вода и одозгора ставете рендан кашкавал. Печете околу 20 минути на 180 степени. Доколку сакате може да ставите и малку лук, тоа ќе ја збогати аромата на ова вкусно јадење.
