Здраво тело

Здравје во чаша ананас

Ова тропско овошје може да направи многу за вашето здравје. Ананасот е богат со антиоксиданси, витамини, минерали…

Сокот од ананас со преубавиот вкус може да ве однесе за момент во некоја тропска земја, а воедно и да го подобри вашето здравје.

Антиоксиданси

Сокот од ананас може да го прочисти вашето тело од слободните радикали, а воедно и да го спречи процесот на стареење.

Витамин Ц

Ананасот е богат извор на витамин Ц, витамин кој е важен за добар имунитет. Со една чаша сок од ананас може да добиете енергија за цел ден.

Бромелин

Ананасот е богат со бромелин. Тој може да се користи за лечење на артритис. Ако имате воспалено грло, пијте сок од свежо исцеден ананас.

Го подобрува варењето

Ако имате проблем со варење на храната, пијте сок од ананас. Тоа ќе го забрза работењето на цревата. Оние кои имаат проблем со нередовна столица треба да го побараат решението во ананасот.

Диуретик

Со овој сок може да ги исфрлите вишокот на течности од организмот. Телото во летниот период е поподложно на отоци, па затоа пијте го овој сок.

Write A Comment