Здраво тело

Жедта е знак за узбуна

Дали пиете доволно течности на горештините? Дехидрацијата може да биде кобна, затоа пијте многу вода!

Високите температури за многу кратко време предизвикаат големи здравствени проблеми, особено кај старите лица и лицата кои имаат проблематично здравје. Дехидрацијата е голем причинител за здравствени проблеми.

Симптоми на дехидрација се: жед, слабо мокрење, темна боја на урината, раздразнетост, сува уста, главоболка, несвестица па сето тоа може да предизвика и смрт во најлошите случаи.

Најдобра превенција е течноста. Пијте чаеви и многу вода. Избегнувајте ги соковите кои содржат шеќери, тие дополнително ја зголемуваат дехидрацијата.

Според лекарите, просечната дневна доза на течности која би требало да ја консумираме е 30 мл по килограм од телесната тежина. А во лето, таа количина треба да ја зголемиме за 20 до 30%.

Write A Comment