Потребни состојки за кората:
– 300 гр мелена плазма
– 30 гр шеќер во прав
– 100 гр путер
– 60 гр кокос
За филот:
– 750 гр младо несолено сирење
– 200 гр шеќер
– 50 гр густин
– 2 јајца
– 500 мл слатка павлака
– изрендана кора од еден лимон
За сирупот:
– 3 дл вода
– 150 гр шеќер
– јагоди
Подготовка:
Направете го најпрво сирупот, зовријте ја водата со шеќерот и оставете нека се излади. Измешајте ја плазмата со шеќерот во прав и кокосот, па прелијте ги со растопениот путер и шеќерниот сируп. Таа смеса ставете ја на подлога и убаво израмнете.
Изматете ги јајцата, шеќерот, сирењето, па постепено додавајте ги останатите состојки за филот. Сипете го филот преку кората и печете на 180 степени околу 50 минути. Печената торта прелијте ја со прелив од јагода и декорирајте со парчиња свежи јагоди.
