Потребни состојки за бисквитот:
– 5 жолчки
– 3 лажици шеќер
– 2 лажици брашно
– 3 лажици густин
– една кесичка ванила
– 3 лажици масло
За филот:
– 1 лимон
– 150 мл слатка павлака
– 250 гр полномасно несолено сирење
– 4 лажици шеќер
– една лажица мелен мак
За преливот:
– кесичка црвен желатин
Подготовка:
Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додајте им го брашното и маслото и добиената смеса ставете ја во плех кој претходно го намачкавте и го прекривте со хартија за печење. Печете 15 минути на 180 степени.
Сирењето и шеќерот матете ги додека не добиете мазна смеса и додека шеќерот не се растопи потполно. Додадете ја изренданата кора од лимонот и мак и постепено сипете го сокот од лимон. Изматете ја слатката павлака и додајте ја во кремот. Со добиената смеса премачкајте ја изладената кора. Одозгора кремот премачкајте го со црвениот желатин кој претходно го подготвивте по упатството на кесичката.
