Таткото на трагично починатата Ејми Вајнхаус планира да објави книга со писмата кои ги пишувала таа.
Иако таа растела во ерата на интернетот, сепак го сакала стариот начин на изразување и комуникација. Таа едноставно ги обожавала хартијата и мастилото. На хартијата ги пишувала своите најдлабоки чувства, а најчесто писмата биле адресирани до нејзиниот татко.
Иако медиумите пишуваа дека тие двајца не биле во добар однос, нејзиниот татко Мич сето тоа го демантираше, а сега и ќе го докаже преку книгата која наскоро ќе ја објави.
Освен тоа во книгата ќе бидат раскажани и тажните и мачни моменти на борба со дрогата и алкохолот, борба која Ејми на крајот ја изгуби.
