Здраво тело

Мајчиното млеко спречува СИДА !!! ???

Ново најверојатно епохално откритие …

Мајчиното млеко може да го уништи ХИВ вирусот и да ја блокира неговата трансмисија, покажуваат најновите научни експерименти на истражувачите од Универзитетот Северна Каролина, извршени врз глувци.

Истражувачите веруваат дека е можно да се изолираат состојки од мајчиното млеко кои доведуваат до уништување на ХИВ вирусот, а пота да се употребат за терапии за конечно и целсно уништување на вирусот и а со самото тоа и сидата.

Најмалку 15 проценти од новите инфекции од ХИВ вирусот се јавуваат кај децата, а во недостаток на правовремени и ефикасни терапии само 65 проценти од заразените деца го доживуваат првиот роденден. Помалку од 50 проценти од заразените деца не живеат подолго од 2 години.

Иако се верува дека ХИВ позитивните мајки преку доење може да пренесат вирусот на бебето, новите сознанија покажуваат дека поголем процент од доените бебиња не се заразени со ХИВ вирусот иако мајката била жртва на истиот.

Научниците напомнуваат дека нивната работа е спроведена на глувци и дека е потребно време да се провери дали овој медот ќе ја има истата ефикасност и кај луѓето. Дотогаш се е во рамките на шпекулациите и хипотезите.

Write A Comment