Жешко е … а Вам Ви треба освежување !!! Пред Вас е идеалниот рецепт да се освежите себеси и најблиските…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
½ зелена диња
½ жолта диња
½ мала лубеница
10 лажици шеќер
2 децилитри Кампари
1 литар шампањ
Лед
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Со специјална лажица извадете топчиња од дињите и лубеницата.
Измешајте го шеќерот со Кампарито и шампањот и добро разладете го пијалакот. Најмалку 2 часа во замрзнувач. По 2 часа во поголем сад измешајте ги топчињата овошје, пијалакот и лед .
Со помош на лажица за црпење течности оставете на гостите сами да си налеваат во чашите.
Вкусот е извонреден !!!
Уживајте во вкусот кој разладува!!!
