Стандардите на луксузен дом веќе се познати… Сепак, сакаме да Ви претставиме еден дом во кој луксузот нема лимит…
Станува збор за куќичка од соништата, поставена на рид и која има прекрасен поглед кон Пацификот…
Модерната архитектура, ентериерот, прозорците, терасите, спектакуларните погледи и звукот на брановите… Не се доволни за да се долови нејзината вистинска убавина. Има површина од 490 метри квадратни, а содржи четири спални, пет бањи, дневна соба, пространа кујна, трпезарија, читална, соба за медитација, соба за игри и гаража за три автомобили. Главната спална соба која е и најголема овозможува несекојдневна панорамска глетка со прегледност од 180 степени…
Луксузно, интимно, волшебно !!!












1 Comment
xaxxaxaxa ostanav bez zborovi sto i da kazam …odveke e