Здраво тело

Вежбањето на отворено и дупло поздраво од вежбањето во теретана !!!

Зеленилото на парковите смирува, а со самото тоа мозокот полесно се носи со штетните последици од стресот. Вежбањето на отворено е од посебна корист за сите оние кои имаат стресна работа. Студијата спроведена од страна на Универзитетот Глазгов, спроведена врз 2000 луѓе, недвосмислено потврдила дека вежбањето на отворено е дупло поздраво од тренирањето во затворени простории.

Зеленилото го смирува духот, посебно се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со спиењето, стресот но и оние кои патат од депресија.

„Мозокот најдобро функционира кога се наоѓа во природа, како што се шумите и парковите. Зелената боја влијае многу позитивно врз менталното а со тоа и физичкото здравје. Здрав мозок, правилно расудување, доведува до намалување на стресот, а со самото тоа и намалување на негативните влијанија врз организмот во целост“ –  тврди професорот Riсard Mitсel.

„Најновото истражување докажа дека, здравјето на луѓето пред се зависи од здравјето на мозокот. Тој е алфа и омега во целокупното човеково дејствување. Пробајте да го одржувате Вашиот мозок здрав и верувајте дека сте ја постигнале целта – здраво тело !!!“ – завршува Riсard Mitсel.

Write A Comment