Потребни состојки:
– 200 гр кокосово брашно
– пудинг од ванила
– 5 дл слатка павлака
– 5 дл млеко
– 5 листови желатин
– ванила
– рум
Подготовка:
Листовите желатин потопете ги во вода. За тоа време сварете го пудингот и додека е топол додадете го исцедениот желатин и убаво измешајте. Ставете го кокосот, румот и ванилата. Кога ќе се излади убаво, додадете ја слатката павлака, која претходно убаво сте ја изматиле. Смесата ставете ја во мали чинии и ставете ја во фрижидер.
