Лекарите советуваат дека е особено важно што јадете за време на Лето, за да го заштитите Вашиот организам… Следуваат совети кои ќе Ви помогнат да ги преживеете горештините !!!
– Елагинската киселина е антиоксидант кој се наоѓаат во јагодите и останатото јагодесто овошје. Добро е да ги внесувате, бидејќи заштитуваат од UV зраците. Таа го намалува уништувањето на колагенот во кожата и ги намалува брчките предизвикани од сонцето…
-Пченката е сиромашна со маснотии и калории, но има и многу влакна кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и рак на дебелото црево.
-Црешите ги ублажуваат хроничните воспалувања на зглобовите и артритисот.
-Ладното чоколадно млеко е идеално за опоравување на телото, после спортските активности.
–Лубеницата содржи многу антиоксиданси, вклучувајќи и ликопен, кој штити од рак на простатата и го намалува крвниот притисок.
-Пивото содржи големи количества силициум, кој е добар за здравјето на коските, додека видаминот В спасува од комарци.
-Антиоксидансите во зелениот чај, се поврзуваат со намалување на ризикот од срцеви заболувања и ракот и воспалувањето на непцето, а одличен е за Лето, бидејќи може да го пиете и ладен.
-Зелката е еден од најздравите зеленчуци и го намалува ризикот од заболување од најмалку пет различни видови рак. Во себе содржи влакна, калциум, магнезиум, бројни витамини, а најмногу А, С и К.
-Боровницата содржи моќни пигменти, наречени антоцијанини кои го спречуваат губењето на меморијата.
