Во врелите летни денови косата страда и од сонцето и од хлорот. Доколку одите на море, солта во водата дополнително ќе предизвика сушење на косата, а со тоа и пукање на врвовите. Затоа имајте ја во предвид оваа маска. Таа не само што е одлична превентива, туку и ќе ја ревитализира сувата и оштетена коса.
Потребни состојки:
– една банана
– 1 јајце
– половина авокадо
– 2 лажици мед
– 3 лажици маслиново масло
Ставете ги состојките и убаво изблендирајте ги. Со смесата намачкајте ја косата од врвот до коренот. Замотајте ја со кеса и оставете нека делува половина час.
