Понекогаш, може да Ви е чудно, како и покрај фактот што сте „ прогласени “ за љубител на животните… едноставно не ги сакате мачките!!! Или пак, не можете да ја дознаете компатибилноста со животното, кое ќе стане нов член на семејството… а сакате !!!
Хороскопскиот знак е врска помеѓу Вас и Вашето милениче… Пред да направите „ животинско царство “, проверете кое животно, треба да стане дел од Вашиот живот:
Овен – Со оглед на Вашата динамичност и потребата за активност, најдобар избор би било кучето. Можете да чувате и папагал.
Бик – Важна Ви е чистотата, затоа најмногу би Ви одговарале мачките. Сепак, убаво ќе се согласувате и со мало кутренце, кое не е „ хиперактивно “.
Близнаци – Вашата природа ги сака нештата во пар. Не би Ви претставувало проблем доколку чувате миленичиња во пар. Ќе ја обожувате нивната игра.
Рак – Воден знак сте, па затоа она што најмногу Ви одговара се рибите. Исто така нема да погрешите доколку се одлучите за хрчак или морско прасе.
Лав –, Лавот е еволуција од мачката и одлично ја апсорбира нејзината енергија. Вие гордо уживате во елегантниот и независен чекор на ова животно кога се движи во Вашиот дом.
Девица – Девиците најдобро би можеле да се справат со мали животни, за кои не е потребно да се обрне поголемо внимание.
Вага – Вашата дружељубивост одговара на карактерот на најголемиот човеков пријател – кучето… Изберете го за Ваше домашно милениче.
Скорпија – Верувале или не, не би било чудно доколку се одлучите за змија, пајак или некое егзотично животно. Тоа го бара самиот Ваш карактер.
Стрелец – Стрелците се премногу зафатени, но сепак флексибилни кон секое животно. Најголемиот дел од нив, обожуваат коњи.
Јарец – На луѓето родени во овој знак животните не им се нешто неопходно. Можеби добро би се снашле со големо куче кое ќе живее во дворот.
Водолија – Се фасцинирате од животни кои летаат. Птици, а и инсекти би биле одличен избор за Вас.
Риби – Аквариум преполн со шарени рипчиња или мирно и мало животно би бил Вашиот совршен избор.
