Потребни состојки:
– 500 гр кори за пита
– 3 јајца
– 200 гр шеќер
– 200 мл масло
– 150 гр гриз
– 400 гр зрели праски
– 250 гр сливи
– 1 кесичка пециво
– 1 кесичка ванилин шеќер
– шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот, па постепено додадете го маслото. На крајот додадете го гризот, ванилата и пецивото. Нежно измешајте. Земете три кори и секоја премачкајте ја со смесата со јајца. На третата кора ставете исечени праски и сливи. Свиткајте ги кравети на внатре, за да не ви истече филот и свиткајте во ролна. Повторете ја постапката со сите кори и целиот фил. Ставете ги во подмачкан плех да се печат на 180 степени околу 20 мин. Изладената пита посипете ја со шеќер во прав.
