Здраво тело

40 % помалку храна го продолжува животот !!!

Доколку би јаделе 40 проценти помалку храна од вообичаеното, би можеле да си го продолжите животот за неверојатни 20 години… секако доколку им верувате на резултатите на неодамнешната студија  на група научници од Институтот за здравје при Лондонскиот универзитет.

Истражувачите успеале да развијат третман со кој веруваат дека значајно се намалуваат заболувањата кај луѓето, особено оние од постарата генерација.

Истражувањето е спроведувано повеќе од 15 години врз разни видови животни. Резултатите кај сите биле вчудоневидувачки. Имено сите животни на кои им било давано храна 40 проценти помалку од останатите имале за 20 проценти подолг животен век.

Тие истражувале како генетиката и начинот на живот може да бидат прилагодени така да можат да го зголемат животниот век кај луѓето.

Болестите на срцето, ракот и неуродегенерацијата можат многу едноставно да се избегнат со само 40 процентно намалување на храната која вообичаено ја консумираме.

Директорот на истражувањето доктор Пепер истакнува – „ Доколку ја намалите количината на храна која секојдневно ја внесувате за 40 проценти тогаш верувајте дека ќе живеете и до 30 проценти повеќе. Во човечки години тоа би изнесувале неверојатни 20 години подолг живот. Со внесување на 40 проценти помалку храна доаѓа до извонредна мутација на гените, тие чудесно се „подмладуваат“ а со самото тоа го продолжуваат животот“.

Write A Comment