Ова е тоа што децата навистина го сакаат, но и ние возрасните. За да го подготвите овој рецепт потребни ви се 13 минути и следниве состојки:
4лажици брашно
2 лажици шеќер
2 лажици какао
1 јајце
3 лажици млеко
3 лажици путер
¼ ванила
чоко чипс
1 голема шоља
Ставете ги сувите состојки во криглата и добро измешајте ги. Потоа ставете го јајцето и изматете го. Потоа додадете го млекото и путерот. На крајот ставете ја ванилата.
Ставете ја шољата во микробранова печка на максимална температура (1000 watt ). Оставете ја 3 минути. Смесата ќе почне да нараснува и да се запекува горниот дел.
Штом ја извадите шољата од микробрановата вие веќе го имате идеалниот десерт.
