Коктел со капини – потребни состојки

– 200 гр екстракт од сок од капини
– 300 мл сок од малини, растворен
– 150 мл водка
Измешајте ги сите состојки убаво, и додадете им многу лед, кој може да го иситните во блендер. Послужете додека е ладно.
Освежително вино со малини – потребни состојки:

– 60 мл газиран сок од лимон
– 120 мл пенливо вино
– неколку гранчиња нане
– неколку смрзнати малини
Измешајте го сокот со виното и ставете го во чаши, ставете неколку смрзнати малини и едно гранче нане.
За да биде коктелот ладен, би било пожелно виното и газираниот сок да ги ставите во фрижидер.
