Група независни истражувачи повеќе од 3 години надгледувале над 45 познати и популарни овошја и зеленчук кои секојдневно ги консумираме. Истражувачите сакале да видат колку пестициди содржат овие популарни овошја и зеленчуци. Важно е да се напомене дека испитувањата се извршени врз веќе измиено или излуштено овошје или зеленчук токму онака како што тоа го прави просечниот потрошувач.
Овогодинешната листа на овошје и зеленчук со најголем процент на пестициди го објави Американскиот „Независен центар за контрола и превенција од болести“ во која учество земаат независни експерти од разни области.
Иако она што подоле ќе го дознаете може да Ве фрапира, морате да знаете дека не се препорачува да ги избегнувате наведените плодови. Здравствените користи од исхраната со овошје и зеленчук ги надминуваат ризиците од изложеност на пестициди, но само доколку купувате и консумирате органски одгледани овошја и зеленчук.
Нашиот пазар за среќа преставува вистински рај за ваквиот вид на плодови. Македонското производство на овошје и зеленчук спаѓа меѓу најздравите во светот.
Листата на проценти на пестициди во овошјето и зеленчукот се следни:
98 проценти од тестираните јаболка се позитивни на пестициди.
96 проценти од тестираните примероци на целер се позитивни на штетни состојки.
Една пиперка содржи 15 различни видови пестицид.
86 проценти од тестираните праски покажале знаци на загаденост од пестициди.
Една јагода во себе содржи 13 различни видови на пестициди.
Голите праски со оглед на количината и тежината имаат повеќе пестициди од сите друго видови на храна на оваа листа.
Едно зрно грозје во просеј содржи 15 различни видови на пестициди од вкупно 64 видови кои се пронајдени во сите испитани плодови.
Зелената салата верувале или не содржи 78 различни видови на пестициди.
Краставицата има 80 различни видови пестициди.
Компирот кој се произведува во Америка и некои западно европски земји содржи 90 различни видови на пестициди.
Резултатите се однесуваат за овошје и зеленчук произведени во Америка или неколку земји од Западна Европа. Најзастрашувачки се откритијата дека сите овие плодови во себе содржат органофодфорни пестициди кои екстремно негативно влијаат на нервниот систем на човекот.
