Здраво тело

Броењето до 10 само го зголемува бесот !!!

Ако броите до 10 кога ќе се изнервирате, можеби го зголемувате вашиот бес и работите одат во надолна линија со поголемо темпо.

Испитувањата вршени врз студентите во стресни ситуации открило дека како што времето поминува од момент во момент лутината станувала се поголема и поголема.

Размислувањето за чувствата е можеби најлошата работа која си ја чините самите себеси.

Психологот  Bred Bušman смета дека броењето до десет е деструктивна форма на смирување на бесот, подобро е да замислите дека не сте присутни во таа ситуација техника која научниците ја нарекуваат „самодистанцирање“.

Многу се поефикасни и другите техники како на пример размислувањето на нешто убаво и смирувачко… но сите тие како и броењето до 10 се краткорочни со лоши последици. Од сите нив се издвојува самодистанцирањето, бидејќи делува во сите ситуации кога треба да има излив на бес, провокација и голема лутина.

„Тајната е во тоа да не се соживеете со својот бес, туку да имате потполно независен поглед кон ситуацијата“ – истакнува Доминик Мишковски професор по психологија на Универзитетот во Охајо.

Write A Comment