Подгответе го овој освежителен пијалок и уживајте во вкусот…
Потребни состојки:
– 400 мл сок од малини
– 300 мл тоник
– 2 лажици лимонов сок
– коцки лед
– листови нане

Подготовка:
Сокот од малини измешајте го со сокот од лимон и оставете го во фрижидер убаво да се излади. Потоа ставете го во него тоникот , листовите нане и коцките лед.
Уживајте 🙂
