Потрени состојки:
– едно пакување таљатели
– 2 лажици маслиново масло
– половина килограм пилешки гради
– лажица лук во прав
– пармезан
– прстофат босилок
– кари
– 5 лажици доматен сос
Подготовка:
Ставете ги таљателите да се варат. За тоа време ставете го маслиновото масло да се загрее. Во него ставете го пилешкото кое претходно го исековте на тенки ленти. Ставете кари, и зачинете со други зачини по ваша желба. Ставете го лукот, и на крајот ставете го доматното пире. Убаво измешајте и кога ќе биде готово тргнете го од оган. Ставете пармезан, босилок и повторно промешајте. Исцедете ги таљатечите и ставете го сосот одозгора. Декорирајте со пармезан.
