Ниските температури како да не изненадија. Набрзина ги заборавивме ладните пијалаци. Време е за топли пијалаци кои ќе ни помогнат да се справиме со ниските температури.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
60 грама Шлаг
50 милилитри Млеко
1 Кафе филџан/и
1 лажица Какао
30 милилитри Baileys
Време за подготовка: 10 мин.
ПОДГОТОВКА:
Сварете го кафето и налејте во чаша.
Ставете лажичка какао, па додадете шеќер по желба и 30 мг. Baileys ликер.
Додадете млеко по желба и се заедно добро промешајте.
Украсете по желба.
