Потребни состојки:
– 500 гр сирење
– 2 мали тиквици
– 4 јајца
– 8 лажици масло
– сол и бибер
– половина лажичка пециво
– 200 гр пченкарно брашно
– 200 гр бело брашно
– половина чаша јогурт
Подготовка:
Во длабок сад изрендајте ги тиквиците, додајте ги јајцата и изренданото сирење, сето тоа убаво измешајте го. Полека мешајте и додавајте од маслото и двете врсти на брашно и пецивото. Посолите и зачинете по желба, па додадете го јогуртот. Смесата сипете ја во калапи кои претходно ги обложивте со хартија за печење или ставете хартиени калапи. Печете на 200 степени околу 15 – 20 минути.
