Потребни состојки за тесто:
- 2 чаши јогурт
- 2 чаши шеќер
- 2 лажици какао
- 2 чаши брашно
- 2 лажици сода бикарбона
- половина чаша масло
за прелив:
- 10 лажици шеќер
- 100гр путер
- 10 лажици млеко
- 100гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:

Истурете го брашното во поголем сад и додадете сода бикарбона и какао. Додадете шеќер и помешајте. Постепено истурете го јогуртот и мешајте. Матете ја смесата додека не се згусне.
Подмачкајте го плехот со масло или путер и посипете го со брашно. Истурете ја подготвената смеса во подмачканиот плех и печете 40 минути на 220 степени.
Растопете го чоколадо на пареа, а потоа додадете путер, млеко и шеќер. Бидејќи колачот е печен, оставете го да се излади, исечете ги краевите за да добиете форма на срце и прелијте со чоколаден прелив. Добар апетит!
