Поради премалку сон се нарушува рамнотежата на хормоните кои го контролираат апетитот, гладта станува поголема, а хормонот кој порачува дека сме сити не делува, па затоа јадеме повеќе.
Ако сте на диета и спиете по 5,5 часа во текот на ноќта ќе бидете помалку успешни во намерата да ослабете, за разлика од оние кои спијат по 8 часа, покажало истражувањето на Zeo Sleep Manager.
Експертите објасниле дека спиењето е клучен фактор за успешно слабеење, бидејќи е поврзано со производство на хормонот за апетит, како и хормонот за енергија, хормонот за стрес.
За успешно слабеење важно е да се изеде вечерата и да се вежба најмалку два до три часа пред спиење.
