Додека наутро уживате во вкусниот напиток – кафе сигурно не ви паднало на памет дека токму тогаш ги бришете брчките и подочниците. Кафето го има овој ефект поради магичната состојка кофеин.
Истражувањата покажале дека кремите за лице на база на кофеин ги бришат брчките и знаците на умор од вашето лице.
Кофеинот е состојка која се користи во скапите креми за лице, освен тоа кафето содржи и антиоксиданси кои ја затегнуваат кожата. Кофеинот на кожата делува на три начини: ги стеснува крвните садови, тој е антиоксиданс и диуретик.
Тој исто така ја поттикнува циркулацијата на крвта во капиларите околу очите, заради што кожата делува свежо и поздраво, а очите се помалку отечени.
