Здраво тело

Аронија – овошје полно со антиоксиданси и погодно за слабеење

Аронијата е овошје кое има одличен вкус, многу темна виолетова боја, мали зрнца кои се полни со здравје. Сокот од аронија е познат по тоа дека помага кај срцевите заболувања. Во Полска и Русија ова е омилениот пијалок, кој е топло препорачан од докторите, особено за старите лица.

Сокот од аронија е со многу силен вкус, па е невозможно да го пиете без да го растворите.

Според состојките кои аронијата ги поседува таа се најде на листата на најздрава храна. Има огромна количина на витамин Ц, витамини од Б комплексот, витамин А, минерали, железо, магнезиум, и голема количина на антиоксиданти. Токму затоа аронијата е моќен борец против стареењето.

До сега искуството говори дека кај екстремно дебелите луѓе, аронијата им била најголема помош за слабеење. Затоа ако сакате да ослабете пијте секојдневно сок од аронија, и користете ја како додаток во овошните салати, мусли…

Write A Comment