Здраво тело

Јадете моркови и добијте бронзен тен

Морковот е исклучително здрава храна.  Богат е со витамини, антиоксиданти, диетални влакна и минерали.

Морковот содржи голема количина на каротен, кој кога ќе се внесе во организмот се претвара во витамин А. Морковите се богати и со витамините Б1, Б2, Ц, Д и Е.

Ваквиот состав на морковот го прави идеален за здравјето на очите и кожата. Се препорачува да се внесува уште од најмала возраст.

Заради богатото количество на каротен се препорачува да се јаде барем половина час пред да одите на сончање. Стручњаците сметаат дека полесно ќе добиете бронзен тен.

Write A Comment