Докажан е фактот дека сите видови зимзелени иглолисни растенија ослободуваат фитонциди во големи количини поради што воздухот во иглолисните гори секогаш е чист и се смета дека е лековит воздух.
Подолго време се знае дека боровиот воздух има својство да го зајакнува имунитетот и да ја подобрува здравствената состојба. Игличките на борот ослободуваат супстанција наречена фитонцид што ги убива микробите. Не случајно санаториумите за лечење на туберколоза се градат во борова шума. Освен тоа зимзелените дрва содржат уште еден многу важен продукт – смолата. Во смолата има материја наречена терпентин што е старо средство против настинка, ревматизам, болести на горните дишни патишта и др.
Лековити својства имаат и боровите пупки. Тие се собираат рано на пролет кога се сеуште здраво залепени со смола. Се сушат на сенка. Боровите пупки содржат лековито етерично масло, смола, микроелементи, минерали, витамин Ц и др. Растворот од нив е многу полезен при кашлица поради своите изразени противмикробни, противвоспалителни и асептички својства.
Од народната медицина е позната следната рецепта: 10 гр суви борови пупки се заливаат со чаша млака вода и се варат во затворен сад. Се оставаат да отстојат 2 часа откако ќе се сварат после што течноста се процедува. Се користи по една супена лажица 3-4 пати на ден при бронхит, хронични болести на горните дишни патишта и како диуретик. Со пареата од растворот се прават инхалации при ангина, фарингит, белодробни болести.
