Грозјето е многу хранливо. Содржи елементи и минерали меѓу кои калиум, натриум, калциум, магнезиум, железо, фосфати, сулфати, хлор и фруктоза и има една неверојатна способност да го обновува ткивото. Докажано е дека раните на луѓето кои во меѓувреме се хранеле со грозје многу побрзо зараснувале од оние кај луѓето што не конзумирале.
Грозјето служи како превенција и подобрување на следните здравствени проблеми: запек, болести на крвоносниот систем, хроничен бронхитис, емфизем, хроничен цистит, диспепсија, проблеми со варењето на храната, болести на црниот дроб, гастрит, анемија, проблеми со бубрезите, нефрит и др.
Се препорачува следнава процедура со чија помош ќе го исчистите организмот од токсините, ќе го подобрите метаболизмот и размената на материи кои се неопходни за добрата општа здравствена состојба. Еве што треба да се прави: во текот на 3 дена не треба да конзумирате ништо друго освен грозје и 2 литри вода. Грозјето се јаде во неограничени количини, односно секој пат кога ќе осетите глад. Важно е да знаете дека не треба да ги вадите семките и да се обидете да го џвакате гроздот заедно со лушпата и семките.
Овие неколку дена додека трае процесот на детоксификација односно чистење на организмот преку промивање на токсичните отпадоци може да се појави диареја, слабост, главоболка и слично но сето тоа се симптоми на процесот на прочистување и не треба да ве загрижува.
Во последно време многу студии потврдуваат дека антиокидантите што ги има во грозјето и особено во семките имаат позитивно влијание во процесот на блокирање на растежот на карценогените формации. Освен тоа грозјето содржи материи кои ја прочистуваат крвта и ја подобруваат крвната слика.
